Том Круз секоја година на своите пријатели им подарува посебна божиќна торта: Ова е причината за тоа

Точка

25/12/2024

17:17

1.347

Големина на фонт

а а а

Секоја година, за време на божиќните празници, познатиот актер Том Круз ги изненадува своите пријатели со необичен, но многу вкусен подарок – торта направена од бело чоколадо и кокос, која стана позната како „Том Круз торта“.

Овој интересен обичај актерот го практикува веќе долги години, а рецептот за тортата и нејзиното доставување станаа вистинска празнична традиција меѓу неговите пријатели.

Актерката Коби Смолдерс која е позната по улогата на Робин во популарната хумористична серија „How I Met Your Mother“ гостуваше кај Џими Фалон и откри дека секоја година ја добива оваа специјална торта од Том.


„Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи често земам мало парченце. Инаку не сакам благо, но ова е супер“, изјави актерката.

Инаку корисничката на Тикток, Дана, која е во брак со сценарист кој со години работел со Том на различни проекти, па поради тоа и нејзиниот сопруг е на списокот на пријатели на кои Круз и го испраќа овој сладок подарок, сподели снимка од тортата.


„Оваа торта е толку добра што е главната причина што се омажив“, се пошегува Дана на Тикток.

Имено, како што еднаш признал, Круз обожува слатки, но ретко ги консумира поради тренинзите. Меѓутоа за време на празниците, сепак, може без грижа на совест да ужива во омилената торта, а се решил оваа слатка радост да ја споделува и со своите пријатели и колеги.


Меѓу оние на кои Том Круз им го испраќа овој посебен подарок се познати имиња како Кирстен Данст, Џејмс Корден и Хенри Кавил, а интересно е тоа што Круз почнал да ја практикува оваа традиција поради многу лична причина.