[ВИДЕО] Објекти на одбраната без кров, a во 2025 година Македонија го добива првиот систем за противвоздушна одбрана

Нетпрес

24/12/2024

15:10

2.239

Големина на фонт

а а а

Кров речиси и да нема, па вработените со најлон и сопствен изум направиле водата да ја собираат во леген. Ваква е сликата од армискиот објект во Кочани. Ништо не е поразлично ниту во Куманово, Кратово и Крива Паланка.

„Таму за жал тече од сите страни крововите се скршени, има непријатни услови за работа но тоа се наши капацитети, на сите вас, на сите граѓани, недај боже тие секогаш треба да во функција“, вели министерот Владо Мисајловски.

Министерот за одбрана Мисајловски на брифинг со новинарите рече дека најголем товар е набавката на осум хеликоптери „Леонардо“. Следниот месец ќе треба да се платат 35 милиони евра.

„Ако ви кажам дека во процес на избори се правеле пренамени, ако во процес на избори се буткале многу работи само за да се склучи овој договор мислам дека некои институции треба да го погледнат детално, а тука мислам на ДКСК“, рече Мисајловски.

Досега, пред изборите исплатен е само авансот од 39 милиони евра. Мисјаловски тврди дека после тоа не се преземале никакви активности.

Целата вест погледнете ја на ТВ21.