[ФОТО/ВИДЕО] Страшно невреме ја зафати Калифорнија: Има загинати!

Точка

24/12/2024

17:18

1.459

Големина на фонт

а а а

Бранови високи 18 метри, потопени куќи и хотели, пристаништето падна во океанот, а неколку лица се водат како исчезнати.

Локалното пристаниште беше веднаш евакуирано и ќе остане затворено до понатамошно известување.


Силно невреме го погоди централниот брег на Калифорнија во понеделникот, предизвикувајќи огромни бранови и поплави. Улиците и трговските центри се под вода. Еден маж загина на плажа откако го затрупале различни предмети, а три лица завршиле во океанот!


Невремето донесе урагански ветрови и бранови високи до 18 метри од Калифорнија до северозападниот дел на Пацификот.


Некои градови во Калифорнија издадоа наредба за евакуација на хотелите и куќите на плажа, бидејќи синоптичарите предупредија дека океанските бранови придружени со силна бура ќе продолжат да растат во текот на денот.


„Очекуваме дека тоа што доаѓа ќе биде посериозно од она што се случи утринава,“ изјави Фред Кили, градоначалник на Санта Круз, каде што пристаништето се урна во водата.


Околу 11:30 часот во понеделникот, во Вотсонвил, заливот Монтереј, екипи за итни случаи и спасувачи беа повикани по пријава за маж заробен под урнатини.


Канцеларијата на шерифот на округот Санта Круз верува дека голем бран го однел таму. Мажот беше прогласен за мртов во болница. Неговото име и други детали засега не се познати.