Јанис и најавил на Ана дека ќе крене рака на себе: Откриен шокантен детаљ од социјалните мрежи!

Точка

17/12/2024

15:55

4.716

Големина на фонт

а а а

Кошаркарот Јанис Тима се самоуби на роденденот на поранешната сопруга.

Летонскиот кошаркар Јанис Тима се самоуби во Москва, поради депресијата во која се нашол по разводот со пејачката Ана Седокова. Двојката се разделила по четири години брак и Јанис чувствувал дека животот му е уништен поради тоа. Дека планира да се самоубие тој ја известил Ана на социјалните мрежи.


Руските медиуми пренесуваат дека под една од објавите на Инстаграм профилот на Ана, Јанис го напишал датумот на неговото раѓање, но и датумот на кој планира да се самоубие. Пораката „09.07. 92 – 16.12. 24“ е особено морбидна кога ќе се има на ум дека телото на познатиот кошаркар е пронајдено на 16 декември, односно на датумот што тој го посочи во коментарот.


Во меѓувреме, Ана Седокова ги отстрани коментарите од нејзините неодамнешни објави на социјалната мрежа Инстаграм, меѓу кои и онаа каде што дува свеќички за роденден. Таа во кратката порака истакна дека претходната година не и била лесна, но дека успеала да се снајде и дека со голема радост ја очекува следната година. Исто така, пејачката им порача на своите фанови на социјалните мрежи дека ги сака, а нејзината љубов ја посакуваше и Јанис Тима од кого неодамна се разведе.


Јанис Тима и Ана Седокова започнаа врска во 2019 година, додека кошаркарот сè уште беше во брак со својата прва сопруга. Ги оставил сопругата и синот, ја блокирал банкарската сметка на првата сопруга, дури и наредил да се иселат од станот, а потоа на јавноста и ја претставил новата девојка. Јанис и Ана немаа деца, но пејачката имаше две ќерки и еден син со тројца партнери. Бракот со кошаркар и беше трет.