Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичниот суд: Поранешниот директор на ЕСМ е осомничен за тежок криминал

Макфакс

11/12/2024

11:20

3.029

Големина на фонт

а а а

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од осомничените за 6,5 милионски криминал во „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), РЕК „Битола“, ТЕЦ „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.

Стефанов беше приведен на граничниот премин Табановце.

Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и натаму не е достапен за органите на прогонот.

Вчера во големата полициска акција, беа приведени повеќе лица за криминал во јавни набавки за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и ТЕЦ Осломеј.