Драма во Њујорк: Директор на голема компанија застрелан во градите пред хотел

Точка

04/12/2024

20:01

1.626

Големина на фонт

а а а

Бруталниот напад во центарот на Менхетен се случи во раните утрински часови по американско време.

Извршниот директор на американската компанија "UnitedHealth" Брајан Томпсон (50) беше смртно застрелан во градите во средата наутро во Њујорк.


Целниот напад се случил пред хотелот Хилтон во центарот на Менхетен. Томпсон бил во хотелот околу 6:46 часот кога маскиран маж, кој наводно го чекал, испукал повеќе истрели кон бизнисменот, а потоа избегал, изјавиле полициски извори за Њујорк пост.


Томпсон бил однесен во критична состојба во болницата "Mt. Sinai", каде подоцна бил прогласен за мртов, потврди њујоршката полиција.


Убиецот останува во бегство, а осомничениот е опишан како бел маж облечен во кремаста јакна, црна маска за лице и црно-бели патики. Сведоците рекоа дека носел сив ранец.