Расчистено убиството пред угостителски објект во Струмица, две лица уапсени

Макфакс

04/12/2024

16:37

1.134

Големина на фонт

а а а

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и против В.Т.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „убиство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и С.Д.(21), сите од Радовиш, додека првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ѓ.Ѓ., од кои починал.