[ВИДЕО] Такер Карлсон повторно во Москва, го интервјуираше Лавров; Захарова: Зборуваа час и половина

Макфакс

04/12/2024

09:22

398

Големина на фонт

а а а

Такер Карлсон повторно е во Москва. Конзервативниот американски коментатор и поранешен водител на Fox News доцна синоќа на X објави дека се вратил во Русија за да го интервјуира министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.

„Се вративме во Москва за да го интервјуираме рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи со најдолг стаж во светот“, рече Карлсон, додавајќи дека интервјуто ќе го објави „наскоро“. Во февруари оваа година тој го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

Сега тој вели дека ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи за да ја расветли „руската перспектива“ за тековната војна со Украина. Да потсетиме, Русија во февруари 2022 година започна инвазија на соседна Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека интервјуто било „обемно“ и дека траело „час и половина“ и опфаќало теми од „модерната, понова историја на тешките односи со САД, влијанието на сето ова врз светската геополитика и идната состојба на работите“.