Најмногу снег падна во планинските предели, но ги зафати и пониските области во централните области, како и поширокото подрачје на Анкара.
Силен циклон ја погоди Турција во изминатите неколку дена, а од неговиот најсилен удар беа погодени неколку милиони луѓе. Северните, централните и источните делови на земјата ги зафати многу обилен снег, додека на брегот на Црното Море на северот од земјата падна многу силен дожд.
Претходно, невремето како дел од циклонот од Црното Море и продорот на студен фронт од северозапад и долж Балканскиот Полуостров ги зафати и другите делови од земјата, со обилни врнежи од дожд, кои кон внатрешноста преминаа во снег, додека на места имаше и силни грмежи и лошо време, особено на југот и југоистокот на Турција.
Ordu-Gölköy yükseklerinde yoğun kar yağışı sonucu süper kar görüntüleri ortaya çıktı🤩 ❄️☃️ pic.twitter.com/MWjw3icIGG
— METEOROLOJİ BEY (@MeteorolojiBey) November 25, 2024
Снегот најмногу падна во планинските предели, но ги зафати и пониските области во централните области, како и поширокото подрачје на Анкара. На повеќе места наврнаа од 20 до 40 сантиметри снег, на некои локации и метар, а локално во планинските предели наврнаа и до 2 метри снег. Снегот парализираше многу области.
Бројни населби и градови биле целосно отсечени од светот со часови, додека не пристигнале спасувачките служби. Инаку, снегот беше проследен и со многу силен и бурен ветер, што создало неколку метри снежни наноси и шут.
عواصف ثلجية عنيفة تضرب وسط تركيا سبحان الله العظيم و كانك تشاهد احدى العواصف القطبية في أنتارتيكا
— طقس_العالم ⚡️ (@Arab_Storms) November 25, 2024
Kayser - turkey 🇹🇷🚨
pic.twitter.com/eFZA9TkRtG
Многу автопати низ централна и источна Турција се покриени со снег и се непроодни, а патниците биле целосно завеани со часови во снежната бура. На некои локации обилниот снег беше проследен со бурни ветрови со брзина од 100 км/ч, а виулиците затрупаа се пред себе.
Стотици илјади луѓе останаа без струја поради невремето. Температурите се спуштија под 0 степени, на планините под-15 степени.
مركبات مدفونة في الثلوج على طريق قونيا-أفيون - تركيا 🇹🇷
— طقس_العالم ⚡️ (@Arab_Storms) November 24, 2024
24-11-2024
Vehicles buried in snow on the Konya-Afyon road 😮
pic.twitter.com/nzjcsSmCGE
Ако го исклучиме крајбрежниот дел на Турција, кој ужива повеќе од блага и топла клима во зима, внатрешноста на земјата се карактеризира со студени зими. Температурите се намалуваат, а снегот се интензивира со зголемувањето на надморската височина и оди подалеку на исток од земјата, каде што температурите често паѓаат под-30°C за време на ледените зимски денови.