Кучињата роботи би можеле да им помагаат на земјоделците побрзо да го проценат квалитетот на почвата, велат и се надеваат научниците кои го спроведуваат технолошкиот експеримент во Корнвол.
Уредот, развиен од компанија од Корнвол, користи детектор на гама зраци за да го процени квалитетот на почвата. Земјоделецот Малколм Барет, закупецот на фармата недалеку од Бодмин, соработува со научниците од Универзитетот „Plymouth“, кои користат детектор за гама зраци монтиран на кучето-робот за да го мапираат квалитетот на почвата на неговите полиња.
Тој кажа дека се надева дека технологијата, која е побрза и поефикасна од конвенционалната анализа, ќе може да ги направи фармите попрофитабилни со намалувањето на употребата на вештачки адитиви, доколку бидат откриени.
Кучињата роботи може да се користат и за пристап до тешко достапни места како ридови и жива ограда.
Поминува 5 метри во секунда, тежи околу 15 килограми
Кучето робот го создаде Џејк Шо-Сатон, поранешен студент на Универзитетот „Plymouth“ и коосновач на компанијата за роботика Роботрикс во Пар.
„Нашиот најнов експеримент се фокусира врз почвата бидејќи често таа не е доволно истражена и тоа влијае на сè околу неа. Кучињата роботи исто така можат да бидат корисни и за испитување на тешко достапни места како што се ридови и жива ограда. Неговата максимална брзина е 5 метри во секунда, а тежи околу 15 килограми. Клучната предност на овој робот е што може да се движи по многу непристапни терени и тешки површини благодарение на неговите нозе“, рече Шо-Сатон.
Земјоделецот би морал да копа
На теренот беа користени и роботи на гасенички ленти кои носеа сензори за мерење на квалитетот на почвата.
Додека детекторот за гама зраците вреден 25.000 фунти, поставен на кучето-робот, го мери природното ниво на радијација во почвата.
Фармерот Барет вели: „Обично користев лопата за да земам примероци од почвата од пет места на полето, а потоа требаше да ги испратам примероците во лабораторија и да ги чекам резултатите“.
„Крајната цел е да се обезбеди карта на својствата на почвата кои се важни за земјоделецот и неговото одлучување. Проблемот со традиционалните анализи на почвата е што тие одземаат многу време и се скапи. Обично, земјоделецот може да си дозволи само да земе неколку примероци од секое поле, а потоа треба да се чека со денови или недели додека да пристигнат податоците“, вели водачот на експериментот Вил Блејк од Универзитетот во „Plymouth“.