Милано се фати за работа во Вардар

Дерби

14/11/2024

14:17

458

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 пред некое време го промовираше Гиљермо Милано како нов тренер на екипата со тоа што аргентинскиот стратег дури сега се фаќа за работа.

Имено Милано веќе е во Скопје и тргна во новиот предизвик, ги води тренинзите на „црвено-црните“ и од прва рака се запознава со квалитетите на играчите кои ги има на располагање.

Дел од ракометарите се поштедени поради ситни повреди, но Аргентинецот веќе е во акција и првиот тест, деби ќе го има против Струга во сабота во рамките 11 коло на Супер лигата.

Милано веќе ги води тренинзите на Вардар

Новиот тренер Гиљермо Милано пристигна во Скопје и веќе ги води тренинзите на...

Posted by RK Vardar 1961 on Thursday, November 14, 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг