Ники Бат имаше добра фудбалска кариера во која долго време играше за Манчестер Јунајтед од каде потоа премина во Њукасл за да потоа игра за Бирмингем и Јужна Кина од Хонг Конг.
Тој ги мина сите категории во англиската репрезентација за која потоа настапуваше на сениорско ниво што значи дека има квалитетно „Си-Ви“ и неговиот збор дефинитивно има тежина кога се во прашање фудбалските теми.
Токму Бат даде едно мислење за Вејн Руни за кого смета дека не е доволно ценет пред се од англиската јавност, поточно за него напаѓачот за се што направи во кариерата заслужува да биде во десет најдобри асови на сите времиња.
- Мислам дека тој не е ценет колку што треба, дури ни кај навивачите на Јунајтед. Не знам дали тоа е ривалството Ливерпул-Манчестер, но тој беше феноменален. Тој беше ѕвер.
- Кога луѓето ќе кажат дека кои се нивните топ 10 играчи на сите времиња, нема многу луѓе кои ќе го сметста во тоа друштво, но тој лесно треба таму да биде, - порача Бат.
Ова со свои зборови го поддржа и Пол Сколс, а пред некое време сличеин став на оваа тема имаше и Трој Дини.