Сметката на Јутјуб на 8-годишниот Сеинт Вест - @TheGoatSaint - беше „наводно укината“ од Ким Кардашијан по политички обоени објави.
Ким Кардашијан во средата го симна каналот на Јутјуб што му припаѓаше на нејзиниот најстар син со Канје Вест. Ова се случи откако нејзиниот наследник сподели две навредливи објави на своја сметка против актуелната кандидатка за претседател на Америка, Камала Харис.
Kanye West’s son, Saint West posted this on YouTube Shorts about Kamala Harris 😭 pic.twitter.com/a23TFrzMZw
— FearBuck (@FearedBuck) October 29, 2024
- Оваа страница не е достапна. Се извинуваме поради тоа. Обидете се да барате нешто друго“, се вели во пораката на YouTube кога ќе кликнете на неа.
Објавите на социјалните мрежи тврдат дека Сеинт објавил мим со сликата на Камала на ѓонот од чевелот што го носел цртан лик, велејќи: „Згазив на гомно“.
Риалити ѕвездата минатиот месец изјави дека го натерала Сеинт да се согласи на договор доколку сака канал на платформата. Се чинеше дека тој ги прекршил условите од договорот само една недела пред денот на изборите. Голем број на X корисници ги поврзаа објавите на Сеинт со долгогодишната поддршка на неговиот татко за Трамп.
Мрежите горат за малиот Сеинт
Реакциите вклучуваат: „Паметен како татко му“ „Канје е толку горд“, „Канје е толку горд на својот син“ и „Каков татко, таков син“.
Еден корисник рече: „Светот е мал, не се грижам за него“, додека друг додаде: „Тоа момче е многу интелигентно“.
Еден корисник рече: „Целосно не се согласувам со одлуката на Ким Кардашијан да го избрише каналот на Сеинт Вест на Јутјуб поради споделување видеа. Цензурирањето на спротивставените ставови е вознемирувачко и поставува опасен преседан. Нели секој ја разоткрива Камала, што има лошо во тоа?
Старлетата одбила да се огласува на оваа тема.