[ВИДЕО] Одобрен првиот летечки автомобил во Европа!

Точка

24/10/2024

08:38

966

Големина на фонт

а а а

Холандскиот "Pal-V" стои зад моделот "Liberty", првиот летечки автомобил во светот, кој сега е официјално одобрен за употреба.

Моделот е мешавина од трицикл и жирокоптер, мал летачки авион кој наликува на хеликоптер. Во главно, кога "Liberty" вози на земја, перките на роторот се преклопуваат и тогаш може да достигне брзина до 160 км/ч.

Во воздухот ова возило користи 200 коњски сили и може да лета со брзина помеѓу 50 и 180 km/h. Досегот во воздухот е 80 километри.

За оние кои сакаат да го купат "Pal-V Liberty", има две опции – "Sport Edition" за 299.000 евра или "Pioneer Edition" за кое ви требаат 499.000 евра, а е направено само во 90 примероци.

Се разбира, не секој смее да го управува ова возило – потребна ви е пилотска дозвола за да го управувате, бидејќи ви треба простор за слетување од 90 до 200 метри, како и ширина од 20 метри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг