Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство: Сослушани во полиција, познати детали

Точка

23/10/2024

10:50

3.644

Големина на фонт

а а а

Актерот Сергеј Трифуновиќ синоќа ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, објавија медиумите.

Полицијата дошла во станот во Вождовац каде живее со сопругата, откако вчера вечерта актерот пријавил, дознава српски "Telegraf".


Се јавил во полиција и рекол дека трпи насилство од сопругата Исидора, која наводно му се заканувала дека ќе „скрши се во станот“. Но, утврдено е дека Исидора практично нелегално престојувала во Србија, со оглед на тоа дека е државјанка на Хрватска, а против неа е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци, додаде извор за овој сајт.


Според медиумите, Трифуновиќ и неговата сопруга се скарале, а кога тој рекол дека ќе ја остави, таа почнала да му се заканува. Ниту еден од сопружниците не е повреден.

Да потсетиме, Сергеј и Исидора неодамна се венчаа во општина, бидејќи претходно правеа само црковна венчавка. Исидора и Сергеј потоа објавија серија фотографии на социјалните мрежи, а под објавата имаше честитки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг