Апликација за развој на говор кај деца на македонски јазик

Точка

18/10/2024

14:21

255

Големина на фонт

а а а

Мобилната логопедска апликација „Мобилич“ која се користи за дигитална обработка на говорот наскоро ќе биде достапна и на македонски јазик.

По нејзината успешна примена во Србија, по барање на логопедите од Македонија ќе можат да ја користат и деца од нашата земја за подобрување на говорот.

Презентацијата ќе се одржи на втори ноември во 17.30 часот во Public Room.


На присутните ќе им биде доделена апликацијата, iPad уред и дополнителна опрема за работа, на институција или здружение кое се занимава со рехабилитација, едукација или развој на говорот и јазикот кај деца.

Обраќање ќе имаат авторката на апликацијата за која има добиено државна награда во Србија, Марина Рангеловиќ, дефектолог и логопед и Јелена Кудриќ, дефектолог и логопед. Модератор на настанот е Александра Велинова која го позајмува гласот за македонската верзија на апликацијата.


Целта е логопедите и дефектолозите, како и сите заинтересирани, подобро да се запознаат со функционалноста на апликацијата и новиот дизајн, како и придобивките од истата. Поради ограничениот број на места, пријавувањето е на следниот ЛИНК.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг