Деко за повредата на Јамал: Не може вината да се бара кај Де ла Фуенте

Дерби

18/10/2024

13:26

215

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал предвреме го напушти репрезентативниот камп на Шпанија и не играше во победата која ја оствари европскиот шампион над Србија, а повеќе од веројатно е дека младиот крилен напаѓач нема да игра и против Севилја.

Голем предизвик за лекарскиот тим на Барселона ќе биде да го оспособи Јамал за големото „Ел Класико“ дерби кое се игра за десет дена, а поради тоа што заработи повреда на не толку важен меч во Лигата на нации, навивачите на Барселона почнаа да го прозиваат и селекторот Де ла Фуенте.

Фановите на Барса немаат добро искуство со репрезентаитвните обврски бидејќи тешка повреда заработи и Гави, но спортскиот директор на клубот ја отфрла вината од селекторот.

– Сите зборуваат за календарот кој се наметнува од највлијателните организации. Повредите кои се заработуваат во репрезентацијата не се вина на селекторот.

– Тој не е виновен што сега се игра и Лига на нации. Претходно имаше многу помалку официјални натпревари, сега на секои три дена се игра за живот. Тоа е нешто што треба да се анализира и за кое не е виновен Де ла Фуенте, – потенцира Деко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг