Еден од најдобрите играчи на Милан не се откажува: Овој тим може да се бори за Скудетото

Дерби

18/10/2024

13:25

164

Големина на фонт

а а а

Милан тргна променливо на стартот на сезоната во Серија А и запиша два порази и две реми средби на седум одиграни натпревари, но факт е деак во раната фаза не заостанува премногу од екипите кои се при самиот врв.

„Росонерите“ се во почетна фаза од проектот на Пауло Фонсека и се уште се гледа голем простор за напредок под новиот тренер, а Тијани Рејндерс е еден од најдобрите играчи веќе од минатата сезона.

Холандскиот репрезентативец е еден од поконстантните играчи во првиот тим на Милан, па како член со посериозен статус, си даде за право да коментира и сериозни теми каква што е борбата за титулата во Серија А.

– Нашите последни натпревари не беа најдобри, но се држиме еден до друг и сметаме дека поседуваме голем квалитет. Сметаме дека можеме да го промениме курсот и да почнеме да победуваме во серија. Следните натпревари по паузата ќе бидат многу важни за нас, но јас целосно верувам во оваа група на фудбалери.

– Секако дека можеме да се бориме за титулата, треба да направиме неколку тактички корекции и треба да растеме сфаќајќи ги идеите на новиот тренер. Полека го кристализираме играчкиот стил, сега на ред е да победуваме на неколку натпревари во низа, – вели Рејндерс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг