Надал по поразот: Не можев повеќе против вакво животно!

Дерби

18/10/2024

13:23

82

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал ја прекина паузата и се појави на егзибицискиот турнир во Ријад, а на спектаклот наречен „Слемот на шесте кралеви“ директно играше во полуфиналето.

„Кралот на земјата“ доби привилегија да прескокне една рунда и да ги одмери силите со Карлос Алкарас, но со оглед на паузата и фактот што е далеку од посакуваниот ритам, Рафа не можеше да парира онака како што посакуваше.

Надал освои по три гејма во двата сета и загуби на последната пресметка против Алкарас во својата кариера, бидејќи самиот најави дека следниот месец и официјално заминува во пензија.

Поразот од 6:3 и 6:3 Надал го прими со насмевка и имаше само убави зборови за својот помлад сонародник, за кого открива дека слушал убави зборови уште пред да стане познат во светската јавност.

– Беше голема чест да играм полуфинале против Алкарас. Тој играше предобро и веќе некое време е на завидно ниво. Јас се обидов да парирам, но не можев повеќе против вакво животно!

– Се оствари тоа што се најавуваше….. Уште пред многу време ми велеа дека доаѓа момче од Шпанија кое има дарба од Бога и кога за првпат трениравме во Австралија, веднаш сфатив дека поседува нешто што го немаат другите, – изјави Надал.

За своето појавување во Ријад, Надал инкасираше 1,5 милиони евра, а исто толку заработи и Новак Ѓоковиќ кој во другото полуфинале беше поразен од Јаник Синер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг