Вежбањето ја „топи“ депресијата: Тренерот ги открива петте најдобри активности за подобрување на расположението

Точка

10/10/2024

18:09

7.019

Големина на фонт

а а а

Докажано е дека редовната физичка активност не само што помага во превенцијата и лекувањето на срцевите заболувања, мозочниот удар и дијабетес, туку и има клучна улога во зачувувањето на менталното здравје.

„Физичката активност придонесува кон превенција на хипертензија, прекумерната телесна тежина и го намалува нивото на лошиот холестерол, но она што е уште поважно – може значајно да го подобри вашето расположение“, вели фитнес тренерот Милан Зариќ.

„Редовното вежбање поттикнува излачување на ендорфин, хормонот на среќа, кој има главна улога во чувството на задоволство. Иако не може да се одвои само една вежба која гарантира добро расположение, постојат неколку типови физичка активност кои се особено ефикасни“, додава тренерот.


Трчање: Вежбите како што е трчањето ја забрзуваат циркулацијата и го зголемуваат нивото на енергија, што помага во борбата против стресот и анксиозноста. Воедно, оваа активност овозможува „чистење на умот“ и дава чувство на слобода.

Јога: Комбинацијата од длабоко дишење, истегнување и медитација која ја нуди јогата, помага во намалувањето на нивото на кортизол – хормонот на стрес, додека истовремено ја зајакнува менталната сила и смиреност.


Танцување: Танцувањето е интересен и креативен начин да се ослободите од насобраната негативна енергија. Движењата во комбинација со музиката го поттикнуваат телото да ослободува допамин и серотонин, двата клучни хормони за чувството на среќа и задоволство.

Тренинг со тегови: Интензивниот тренинг со тегови го поттикнува излачувањето на адреналинот, коешто нуди чувство на достигнување и придонесува кон зголемувањето на самодовербата. Овој вид на тренинг дава и силно чувство на контрола врз сопственото тело.


Прошетка во природа: Престојот на свеж воздух и едноставната прошетка во природа можат да бидат особено корисни.

„Оваа активност не само што го намалува нивото на стрес, туку и го поттикнува чувството на мир и поврзување со околината. Сончевата светлина го стимулира производството на витаминот Д, кој е поврзан со доброто расположение“, вели тренерот.