Орхан Ердемир бил делегат на бројни натпревари, а работел и во Босна и Херцеговина и Србија.
Фудбалската судијка Елиф Карааслан и делегатот Орхан Ердемир се вмешани во секс скандал кој го тресе турскиот фудбал.
Според бројни турски медиуми, младата 24-годишен судијка имала сексуална врска со 61-годишниот Ердемир, истакнат делегат на УЕФА.
По многубројните реакции на видеото кое се рашири на интернет, реагираше и самата судијка која тврди дека сè и е наместено и дека го создал некој со помош на вештачка интелигенција.
Турската фудбалска федерација веднаш го суспендираше споменатиот двоец, а според се кариерата на Орхан Ердемир е завршена.
Ердемир беше фудбалски судија до 2006 година, а вистинската кариера ја оствари во улога на делегат. Бил чест гостин на европските натпревари на фудбалските клубови во Србија и БиХ, но својата работа ја извршувал и во Франција, Шпанија, Италија …
Се огласи и Орхан Ердемир
Турската фудбалска федерација најави дека ќе објави опширно соопштение за овој случај кој ја тресе фудбалска Европа.
Покрај европските натпревари, тој беше делегат и на бројни натпревари од првиот ред на турскиот фудбал.
„Мојата кариера како судија и делегат, кои се работни места кои гордо ги извршував 30 години без ниту една мана, е уништена поради ова видео. Мојот углед во очите на семејството, пријателите и колегите е уништен“, рече делегатот.