[ВИДЕО] Психијатарот вели: Една чаша вино дневно не е добра за здравјето, тоа е лага

Точка

09/10/2024

11:32

7.683

Големина на фонт

а а а

Британскиот психијатар Даниел Амен објави видео на својот „ТикТок“ профил во коешто зборува за „големата лага“ којашто луѓето често ја кажуваат кога консумираат алкохол.

„Лагата, таа голема лага дека е добро да се пие по една или две чаши алкохол поради здравјето“, со овие зборови лекарот го започна своето видео. „Вистина е дека постојат некои истражувања кои потврдуваат дека умереното консумирање на алкохолот може да биде добро за здравјето, но многумина од нив ги објави алкохолната индустрија“, вели Даниел и додаде: „Веднаш знаев дека тоа е лага“.

@docamen

Not to ruin your Friday, but know the truth 🤯🍷🧠

♬ original sound - BrainMD

Лекарот зборуваше за неговите сопствени истражувања за човековиот мозок. „Луѓето кои пијат имаат помал мозок, а кога станува збор за мозокот големината е важна“, вели Даниел. Тој исто така објасни како алкохолот влијае врз функциите на мозокот. „Белата материја во мозокот е поврзана со комуникацијата на луѓето и таа е оштетена кај оние луѓе кои консумираат алкохол дури и во мали количества“, додаде лекарот.

Неговите тврдења ги поддржува и истражувањето на Светската здравствена организација

Лекарот вели дека неговите тврдења се поддржани од неодамнешната студија на СЗО, која откри дека не постои количество на алкохол кое е добро за човековото здравје.


„Воопшто не е важно колку пиете – ризикот за здравјето почнува од првата капка на кој било алкохолен пијалак“ изјави Карина Фереира Боргес, докторката која ја спроведе оваа студија.

Мислењата на следбениците на лекарот се поделени

„Што е со тврдењата дека една чаша вино е добра за здравјето на срцето?“, запраша една следбеничка, а психијатарот ѝ одговори: „Но една чаша вино не е добра за вашиот мозок“.


Размислувањата на неговите следбеници за оваа тема се поделени. „Толку ми е мило што го споделувате вашето знаење на оваа тема. Се согласувам со вас. Околу мене има многу луѓе кои сметаат дека е нормално да се пие по една чаша вино на ден, меѓутоа јас никако не се согласувам со тоа“, напиша еден следбеник. „Не смееме да јадеме храна која не е здрава, не смееме да пиеме … Нѝ одземате сè што нѝ е забавно“, се пошегува друг следбеник.