Памела Андерсон: Прекрасно е да се биде дел од поп културата, но тоа истовремено е благослов и проклетство

Точка

08/10/2024

11:04

2.620

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон во саботата се појави на филмскиот фестивал во Цирих, Швајцарија, каде ја доби наградата „Golden Eye“, а по тој повод зборуваше за својот живот и кариерата, и откри дека со децении се борела против депресијата.

Педесет и седумгодишната актерка, која веќе некое време во јавноста се појавува без шминка, така што стана заштитно лице на движењето на природниот изглед, призна дека едвај се сеќава на својот живот во светот на познатите, откако се прослави во серијата „Baywatch“.


„Бев депресивна неколку децении“

„Ми делува како од „Baywatch“ да отидов на „Broadway“, не знам што се случи во меѓувремето. Сето тоа е една голема празнина. Среќна сум поради тоа што сум овде во овој момент бидејќи сметам дека бев депресивна неколку децении“, вели Андерсон.


Инаку Андерсон во 2022 година, на „Broadway“ ја глумеше Рокси Харт во Чикаго, а потоа се појави и во филмовите „The Last Snowgirl“, „Rosebush Pruning“ и новото продолжение од филмот „Naked Gun“ коешто ќе почне да се прикажува наредната година.


„Никогаш не помислував дека ќе бидам на сцената и дека ќе добијам ваква награда. Само сакам да продолжам да работам, возбудена сум и ќе направам повеќе. Прекрасно е да се биде дел од поп културата, но тоа истовремено е благослов и проклетство. Луѓето се вљубуваат во тебе поради костимот за капење. Долго време беше потребно, но тука сум“, изјави актерката, додавајќи дека е воодушевена поради тоа што повторно е зафатена со работата и верува дека нејзиниот документарец „Pamela, a Love Story“ од 2023 година ѝ помогнал да ја оживее кариерата.