Ѓоковиќ би можел да се соочи со голем проблем: Едно сценарио е катастрофално – во Австралија го чека посебен пекол

Точка

19/09/2024

11:00

2.409

Големина на фонт

а а а

Најдобриот српски тенисер и еден од најдобрите тенисери, но и спортист во историјата Новак Ѓоковиќ би можел да се соочи со голем проблем на почетокот на 2025 година.

Новак имаше сезона за паметење - ако го гледаме остварувањето на сонот и освојувањето на Олимписките игри. Затоа моментално е на четвртото место на АТП листата, а се чека и неговиот пласман на Завршниот Мастерс во Торино. За да се пласира на последниот турнир во сезоната, Ѓоковиќ ќе мора да игра добро во Шангај и Париз, но неговите зборови дека повеќе нема премногу амбиции што се однесува до бодовите секако може да ги загрижат навивачите.


- Нема да бркам АТП бодови, иако планирам да патувам во Кина за да играм на Мастерсот во Шангај следниот месец. Торино воопшто не ми е цел, искрено, не бркам финале на АТП, не бркам пласман. Што се однесува до мене, завршив со тие турнири во мојата кариера. Дали ќе играм на други турнири оваа година или во иднина, не можам да кажам во моментов. Моите главни приоритети се играњето за Србија и Грен слемовите, се друго е помалку важно – изјави Новак.

Ѓоковиќ до крајот на сезоната брани 2.300 бода на Мастерсот во Париз и на АТП финалето во Торино, а доколку одигра слабо би можел да отпадне од најдобрите 10 тенисери на планетата. Во тој случај, во Австралија на почетокот на следната година би го чекал вистински пекол, бидејќи Новак веќе би можел да се соочи со Јаник Синер или Карлос Алкараз во осминафиналето на омилениот Грен слем турнир.


Јасно е дека Новак е во пад на кариерата, но дека се уште е класа за многу тенисери на планетава, па со добри игри на крајот од оваа сезона би можел да избегне катастрофално сценарио за почетокот на следната година. Ако не, пред Новак би можеле да бидат црни денови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг