[ВИДЕО] „Lotus“ ја „заскокотка“ фантазијата на обожавателите

Точка

16/09/2024

13:46

1.392

Големина на фонт

а а а

Намерата е да се евоцира златното доба на овој британски автомобилски бренд.

„Lotus“ се префрла на електричен погон, за што сведочат неговите "SUV" модели "Emeya" и лимузината "Eletre". "Emira" пак, е последното возило со бензински мотор што го нуди познатата марка и ќе опстои уште само неколку години.

Но, тоа не значи дека нема да ги гледаме спортските автомобили како дел од новата стратегија за електрификација на "Lotus".

Првиот (барем во концептуална форма) ќе биде претставена во понеделник на 16 септември.

"Lotus" објави три видеа на социјалните мрежи во кои го најавува својот следен спортски автомобил.

Проектот се вика "Theory 1" а најавата користи зборови како „дигитален“, „природен“ и „аналоген“ за да го опише автомобилот, со цел да го евоцира златното доба на британската автомобилска марка.


Врз основа на она што можеме да го видиме во тизерот, возилото има тенки ленти на стоп светла одзади со ознака „Lotus“. Задниот дел на автомобилот е украсен со агресивен спојлер на врвот.

Името "Theory 1" сугерира дека тоа е само концепт, но може да послужи како преглед на идниот сериски суперавтомобил или спортски автомобил.


Новото купе "Lotus" требаше да биде претставено во 2027 година, со кодно име "Type 135", но може да биде одложено поради проблеми со технологијата на батеријата.

Тоа електрично возило треба да се натпреварува со идните електрични модели на "Porsche".


Се шпекулира дека овој електричен спортски автомобил би имал околу 470 коњски сили во основната верзија и околу 870 коњски сили во варијантата со два мотори, додека почетната цена би била под 100.000 евра.

Треба да ги замени моделите "Elisa" и "Emira" во гамата и да ја користи механичката платформа "LEVA" (Lightweight Electric Vehicle Architecture).




Спонзорирани линкови

Маркетинг