[ФОТО/ВИДЕО] Ова се скиците од новата „Шкода Елрок“

Точка

11/09/2024

14:16

3.317

Големина на фонт

а а а

Пристигнува уште една потполно електрична „Шкода“, а во пресрет на нејзината премиера „Шкода“ ги објави скиците од овој нов модел.

Зад името „Elroq“ се крие уште еден електричен модел, којшто со својата големина и просторност ќе биде на истото ниво со конвенционалниот модел „Kalroq“.


Скиците од овој нов модел го откриваат ветувањето на „Шкода“ за користење на нов дизајнерски израз познат под поимот „Moderno Solid“ којшто ќе се применува и кај останатите новитети на брендот. Една од карактеристиките на новата Шкода е т.н. „tech – Deck face“ којашто значи потполно затемнето предно стакло.

„Elroq“ добива и поделени предни светла со „matrix LED“ технологија и кренат профил како кај моделот „Enyaq“. Од страните има препознатлив дизајн на кутија со очекуван облик на светлата и благо закосена хауба со цел оптимизација на просторот во задниот дел. Но секако скиците не ги откриваат вистинските пропорции на автомобилот.


Увидот во интериерот исто така е базиран врз скици, а очекувано акцентот е ставен на одржливите материјали, посебно рециклираната „PET“ амбалажа. Предвидени се четири видови на уредување на интериерот, додека во сите нив капацитетот на багажникот изнесува 470 литри.

Моделот базиран врз „MEB“ платформата ќе биде достапен со батерии од 55, 63 и 82 kWh, нудејќи досег до 560 км.



Спонзорирани линкови

Маркетинг