На Меѓународниот филмски фестивал во Торонто беше претставен филмот на Анџелина Џоли „Без крв“, а во којшто главната улога ја има Салма Хајек.
Познатите актерки заедно се појавија на црвениот килим, а Салма на новинарите им откри како е да се работи со Анџелина.
„Знаеше дека сум вистинската актерка за оваа улога“, изјави Салма и додаде дека на почетокот ниту таа самата не била свесна за тоа.
Имено, Салма којашто ја глуми жената којашто мора да помине низ војната и последиците од неа, сметала дека е „премногу болно“ тоа што со недели морала да се „стави во кожата“ на жената којашто ја глумела.
„Анџелина некако ме убеди да ја прифатам оваа улога и станав свесна за важноста на овој лик надвор од околностите на филмот“, вели Хајек.
Хајек исто така потенцираше дека имала потполна поддршка од Анџелина, како и дека можела додека била во апсолутен очај да ѝ се јави и во три часот по полноќ.
„Анџелина ќе дојдеше среде ноќта и ќе ме прегрнеше“, додаде Салма.