Џастин Чејмберс, актерот кој ја толкуваше улогата на доктор Алекс Карев во популарната серија „Grey’s Anatomy“, за многумина беше и остана еден од омилените актери од оваа серија.
Пред 20 години за првпат се појави на малите екрани, па логично е тој да се променил физички, и тоа на подобро.
Имено, неодамна на социјалната мрежа ТикТок беше објавена негова слика, а иако сега има седа коса, жените велат дека изгледа подобро од било кога.
Ликот на Алекс Карев го гледавме од самиот почеток на серијата. Го следевме од деновите на неговото стажирање до моментот кога стана шеф на хирургија, сите негови подеми и падови, проблеми со семејството, како и неговото патување од љубовник до емотивно момче и заљубен маж.
Џастин шокираше многумина кога реши да ја напушти серијата во 2020 година.
„Не постои вистинско време да се збогувате од серија и лик кој во голема мера го обликуваше мојот живот во последните 15 години. Веќе некое време се надевав на некоја промена во кариерата и добивање други улоги. И сега, кога полнам 50 години , благословен со поддршката од сопругата и петте деца, сфатив дека тоа време дојде“, изјави актерот за „Deadline“.
Во 1993 година, Џастин се ожени со Кеиша, со која има пет деца - Изабела, близнаците Маја и Кајла, Ева и Џексон.
На крајот на јануари 2008 година, тој откри дека пати од нарушување на спиењето и дека спие само два часа неделно, но и дека успешно се лекува.