[ФОТО] Падна бакнеж помеѓу Доналд и Меланија! Конечно се заедно во Белата куќа, насмевката не им се трга од лицата

Точка

09/05/2025

15:54

989

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше домаќин на прославата на мајките од воените семејства, која се одржа во Источната соба во Белата куќа, во придружба на неговата сопруга, Меланија Трамп.

Иако сите очи се вперени во Меланија, која, како и секогаш, изгледаше совршено, еден момент го одбележа нивното присуство на оваа прослава, а тоа е бакнежот на овој познат брачен пар. Фотографите го забележаа овој интимен чин на брачниот пар, како единствена можност да ги видат заедно, земајќи ја предвид одлуката на Меланија да не живее со својот сопруг во Белата куќа.


Инаку, за оваа пригода, Меланија одлучи да облече бело палто, која е секогаш совршен избор за службени должности, и црно кожно здолниште. Секако, тука се и темните салонки, кои се препознатлив знак на првата дама. Таа овој пат одлучи косата да ја пушти преку рамената, што беше полн погодок за овој настан.


Појавувањето на првата дама беше ретка пригода во која таа јавно присуствуваше и зборуваше на настан во Белата куќа откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари. Меланија има само неколку јавни настапи од 20 јануари 2025 година.



Таа изјави дека во иднина ќе живее во Њујорк и Флорида за да биде поблиску до својот син Барон, дека ќе ги намали своите одговорности како прва дама и дека нејзиното присуство во Белата куќа ќе биде сведено на минимум.