[ФОТО/ВИДЕО] Кинезинка се омажи за Србин, фотографиите од венчавката ги воодушевија корисниците на социјалните мрежи, а новата српска снаа наскоро ќе стане и мајка

Точка

07/09/2024

17:57

7.529

Големина на фонт

а а а

Венчавката на Србинот Дејан Јовановиќ и Кинезинката Ксуе Ленг ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи. Тие двајца се венчаа во Белград, а фотографиите од венчавката ги „запалија“ социјалните мрежи, така што добија повеќе од 6.600 лајкови и многу честитки и желби за долговечен брак.


Меѓутоа покрај што се венчаа, тие двајца наскоро ќе станат и родители. „Ви честитам од срце, се сеќавам на тебе кога беше мало девојче, а сега ќе станеш мајка. Чувајте се, сакајте се и почитувајте се“, коментираше на нивните фотографии една корисничка на социјалните мрежи.

Среќната вест за бременоста Ксуи ја сподели во јули на својот инстаграм профил. Исто така оваа нова српска снаа има и сопствен „Јутјуб“ канал на којшто објави снимки од комплетната подготовка за венчавката како и самата церемонија на венчавање.


„Сега е осум часот, ми се јави жената којашто треба да ми прави фризура, сега е мојот ред, а и мајка ми е таму. Малку сум нервозна но нема врска“ вели Ксуи во снимката којашто ја нарекла „Нашата свадба – паднав преку прагот“.

Снимката детално прикажува како се одвивал процесот на шминкање на невестата на нејзиниот најсреќен ден, потоа доаѓањето на сватовите, и на крајот самата венчавка.


Инаку, Ксуи Ленг веќе долго време живее во Србија и течно го зборува српскиот јазик. Таа живеела во Кина со нејзините баба и дедо, додека нејзините родители биле во Србија, а Ксуи решила да им се приклучи во 2017 година. Таа во Србија завршила средно училиште и стана особено популарна на социјалните мрежи „Тикток“ и „Инстаграм“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг