Ѓоковиќ доби катастрофална вест од Њујорк, Србинот сега ќе има големи главоболки

Точка

04/09/2024

15:00

29.596

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ неочекувано беше елиминиран веќе во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, а сега доби нова катастрофална вест од Њујорк.

Останатите резултати не му беа наклонети на Ѓоковиќ кога е во прашање трката за завршниот Мастерс во Торино, а на листата во живо Србинот испадна од списокот од осум тенисери кои ќе обезбедат пласман на овој турнир.

Тејлор Фриц направи големо изненадување на УС Опен и го елиминира Александар Зверев победувајќи го со 3:1 во сетови и со тоа се пласира во полуфиналето каде ќе се соочи со Френсис Тиафо на кого Григор Димитров му го предаде четвртфиналниот меч. Тоа му даде доволно поени на Фриц за да се пробие до седмото место во трката за завршниот Мастерс, при што Новак Ѓоковиќ падна на деветтото место, прв под линијата!


Работата да биде уште полоша, на турнирот се уште Алекс де Минор, кој е пред Новак на осмата позиција, како и Френсис Тиафо, кој се заканува да влезе меѓу осумте најдобри ако стигне до трофејот на УС Опен.

Значи, ќе има голема борба во преостанатиот дел од сезоната, а најголемиот проблем ќе биде што Новак не зависи само од неговата игра, туку и од другите резултати.


Од друга страна, што се однесува до состојбата на АТП листата, идниот понеделник Ѓоковиќ сигурно ќе остане во петте најдобри тенисери на планетата откако е елиминиран Григор Димитров.

Доколку Димитров го победеше турнирот, а Медведев стигнеше до полуфиналето, Ѓоковиќ следниот понеделник ќе беше шестиот тенисер на планетата. Тоа нема да се случи, но големата битка за пласман на завршниот Мастерс допрва следи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг