[ВИДЕО] Стоела 6 часа во место додека ѝ ја кинеле облеката, ја сечеле по вратот и ѝ ја цицале крвта: Луѓето ни денес не можат да го заборават нејзиниот експеримент и морничавоста на истиот

Точка

03/09/2024

21:00

16.720

Големина на фонт

а а а

Српската популарна перформанс уметница Марина Абрамовиќ е родена во Белград во 1946 година, а на 28-годишна возраст ја изведе една од најшокантните и незаборавни изведби во историјата на уметноста – „Ритам 0“.

Имено, во 1974 година публиката била поканета во просторијата каде што Марина немо стоела. До неа на масата имало парче хартија на кое пишувало:

„Инструкции: На масата се наоѓаат 72 предмети кои можете да ги користите како што сакате. Јас сум предмет. Времетраење: 6 часа (20:00-02:00). Во тој период преземам целосна одговорност - Марина Абрамовиќ“.

Српската уметница тогаш се впуштила во својот најпредизвикувачки настап некогаш, во кој го довела своето тело до крајни граници.

Настапот насловен „Ритам 0“ ја вклучувал Марина која стоела во место 6 часа додека публиката можела да ѝ прави што сака.


Публиката можела да користи кој било од 72-та предмети кои Марина ги поставила на масата. Меѓу нив имало предмети кои можеле да се користат за задоволство и оние кои можеле да се користат за нанесување болка.

Меѓу нив имало роза, пердув, скалпел, парфем, шеќер, чоколадна торта, синџир, мед, леб, грозје, вино, камшик, маслиново масло, ножици, чекан, па дури и наполнет пиштол (со еден куршум).

Абрамовиќ ги уверувала присутните дека нема да има никакви последици за нив, што и да ѝ направат. Таа ја презела целосната одговорност за тоа што ќе ѝ го направат. Дури и ако некој одлучи да ја силува или убие - таа ќе го дозволи тоа.

Главната цел на овој експеримент била да се одговори на прашањето: Што би направила јавноста во ситуација кога ќе добие целосна слобода да го прави она што го сака?


Речиси фатален исход од експериментот

Во првите три часа публиката била љубезна. Некој само би ја завртел, добила бакнеж, па дури и роза од масата. Но, по три часа публиката станала понасилна, поагресивна.

Некој ѝ ја искинал облеката и ја соблекол гола. Непримерно ја допирале. По 4 часа почнале да ѝ ја сечат кожата. Еден член на публиката ѝ го пресекол вратот за да ѝ ја цица крвта.

На крајот некој ѝ вперил пиштол во главата и ѝ го ставил прстот на чкрапалото. Марина сфатила дека публиката може и да ја убие за свое задоволство.

Што нѝ кажува експериментот за нас самите?

По 6 часа, Марина почнала тивко да се движи низ собата и да ја гледа публиката во очи. Никој не можел да се соочи со неа и брзо ја напуштиле просторијата. Сите побегнале од вистинската пресметка.


Експериментот покажал колку е лесно некои луѓе да покажат насилен однос кон некој кој не може да се одбрани и е незаштитен. Уметницата била понижена и дехуманизирана од нејзините гледачи.

На почетокот на експериментот, публиката малку се пошегувала со Марина. Меѓутоа, како што минувало времето и публиката сфаќала дека таа е пасивна (не се бранела), луѓето станале поагресивни.

Публиката почнала да ја искористува и мачи Марина без очигледна причина - само затоа што можела.

Од друга страна, за време на експериментот се формирала група луѓе која се обидела да ја заштити српската уметница. Иако од овие луѓе не било побарано да ја заштитат, тие сепак го направиле тоа.


„На почетокот навистина ништо не се случуваше. Публиката беше многу симпатична. Ми даваа рози, ме бакнуваа, ме гледаа, но потоа публиката стануваше сè подива и подива“, се присетила таа во едно интервју, додавајќи дека овој перформанс ѝ бил навистина тежок.

„Искуството кое го извлеков е дека можете да одите многу далеку во сопствените настапи, но ако ги препуштите одлуките на јавноста, може да бидете убиени“, изјавила Марина и додала дека е среќна што може да ја раскаже оваа приказна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг