Истражувачите открија дека миењето на овошјето и зеленчукот нема да ја спречи консумацијата на штетните пестициди. Научниците им советуваат на купувачите на свежо овошје и зеленчук, при консумирање на јаболка и краставици темелно да ја отстранат нивната кора, предупредувајќи дека едноставното миење не е доволно да се отстранат потенцијално опасните пестициди.
Истражувачите од факултетот за земјоделство во Анхуи во Кина, употребувале софистицирана технологија за откривање на хемикалии, вклучувајќи ги ласерските зраци за да ги истражат материите присутни во кората на различни прехранбени производи.
Истражувањето покажало дека стандардното миење на овошјето не се доволни за елиминрање на пестицидите од нивата кора.
Оваа студија тврди дека пилингот може успешно да ги елиминира речиси сите остатоци од пестициди, за разлика од праксата на миење на овошјето коешто вообичаено се препорачува. Студијата открила дека кај јаболката, пестицидите не само што остануваат на кората по нејзиното миење со вода, туку и навлегуваат во надворешниот слој на пулпата, но со отстранување на кората можеби ќе го одбегнете внесот на хемикалии.
„Доколку сакаме да го избегнеме ширењето на штетните хемикалии во околината, во иднината потребни се интегрирани напори на молекуларната биологија, токсикологијата на пестициди и епидемиологијата за да се индентификуваат материи кои се канцерогени за луѓето и како и да се намали ризикот од појава на рак кај луѓето.
Од факултетот во Анхуи додаваат: „Веруваме дека преку лупењето на овошјето и зеленчукот успешно можеме да ја одбегнеме опасноста од присуство на пестициди во епидермисот на плодот и во близина на епидермалната пулпа со што се намалува веројатноста од консумирање на пестициди“.