Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец и температури до 38 степени

Макфакс

27/07/2024

12:11

667

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38степени. UV=9

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг