[ФОТО] Чачак во солзи: Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот „Pogledaj dom svoj, anđele“

Макфакс

07/09/2024

16:03

12.162

Големина на фонт

а а а

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.

Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Pogledaj dom svoj, anđele“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.


Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување. Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.

Роден е на 1 ноември 1952 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг