[ФОТО] Македонското знаме гордо се развеа на свеченото отворање на ЛОИ во Париз: Го носеа Дарио Ивановски и Миљана Рељиќ

Точка

26/07/2024

22:00

5.063

Големина на фонт

а а а

Македонската делегација и официјално го имаше своето претсатвување на свечената церемонија на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) кои се одржуваат во француската престолнина Париз.

Шест македонски спортисти и уште четири судии заедно со своите тренери и официјалните лица од Македонскиот олимписки комитет ќе бидат дел од најголемиот спортски собир на планетата, Летните олимписки игри во Париз кои ќе се организираат од 26 јули до 11 август 2024 година.

Делегација на Македонија ❤️🇲🇰❤️

Posted by Makedonski Olimpiski Komitet MOK on Friday 26 July 2024

Знаменосци во нашиот тим беа маратонецот и нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски и теквондистката Милијана Рељиќ.

Покрај знаменосците, нашиот спорт во Франција ќе го претставуваат уште пливачот Никола Ѓуретановиќ, Анастасија Мојсовска во дисциплината спортско стрелаштво, џудистот Еди Шерифовски и борачот Владимир Егоров.

Освен спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).


Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година и му се придружува на Лондон, кој ги организираше Игрите во 1908, 1948 и 2012 година. Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра.

На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии, плус група спортисти кои ќе се натпреваруваат под знамето на МОК, како и тимот за бегалци. Поради војната во Украина, Русија и Белорусија не учествуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг