[МАПА] Кој стои зад нападот на француската железница? Воен експерт тврди: „Ова е исто како од прирачникот на непријателската странска сила“

Точка

26/07/2024

17:30

2.873

Големина на фонт

а а а

Нападите на француската железница биле организирани со цел да се парализира или барем донекаде да се попречи сообраќајот пред отворањето на Олимписките игри во Париз, смета поранешен претставник на НАТО.

Едвар Хантер Кристи, експерт од Воената академија во Брисел на социјалната мрежа „X“ опишал како изгледале нападите и зошто е веројатно да не станува збор за вандали.

„Во раните утрински часови беа извршени 4 напади од кои 3 беа успешни. За време на четвртиот напад, железничарите воочиле диверзанти, кои потоа побегнале. Инцидентот се случил во 01:15 часот. Нападите биле подметнати пожари врз инсталациите на железничката мрежа, особено со комуникациски кабли кои се користат за железничкиот сигнален систем. Сите напади биле насочени кон главните брзи линии“, вели Кристи, кој сподели мапа на која се гледа како пожарите се подметнати на локации на слично оддалеченост од Париз.

Тој оценува дека целта на нападот не била да се предизвикаат човечки жртви.

„Нападите од ваков карактер се дизајнирани да го парализираат или барем сериозно да го нарушат националниот транспорт. Нападите немале цел за создавање масовни жртви. Таквите напади, од друга страна, очигледно се голем напад врз Франција како нација и нејзината способност нормално да функционира“, вели Кристи.

Тој ги изнел и теориите за тоа кој би можел да стои зад нападот.

„Нападите од ваква природа би можеле да бидат дел од предвоената игра на непријателската странска сила, со цел да се подготви метата или да се „испита теренот“ („сега знаеме колку беше ефикасно ова тестирање, ќе планираме многу подобро како вистински да го уништиме нивниот транспортен систем следниот пат, значи во војна“).

Дополнителна мотивација може да биде обидот да се заплаши целната нација („ако започнете да пречите на моите национални амбиции, ќе ве повредам на внатрешен план“) или создавање на домашни политички тензии кои некој потоа ќе настојува да ги искористи“, зборувал Кристи.


Според неговото мислење, „домашен недржавен актер во принцип би можел да биде заинтересиран да започне таков напад, но таквите напади се навистина логични само на стратешко ниво доколку се дел од стратегијата за подготовка на теренот или тестирање на теренот, среде големи непријателства, на пример, во подготовка на насилна револуција“.

„Исто така, голема е веројатноста дека револуционерната сила ќе смисли планирање и ресурси за таков координиран напад доколку би примила совет од страна на државен спонзор кој применува воено расудување. Ова не исклучува вмешаност на скромен или ад хок актер. Но, природата на нападот го следи воениот начин на размислување“, заклучува тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг