Што ќе се случи со Кејт доколку се разведе од Вилијам? Строгите правила на монархијата ги шокирале сите, а еве што велат кралските експерти

Точка

20/07/2024

17:32

12.654

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон (42) не беше присутна во јавноста шест месеци, а потоа се „појави“ на 15 јуни на прославата на официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети. Тогаш многумина забележале дека таа е послаба од било кога. На крајот на март Кејт призна дека ѝ бил дијагностициран рак и дека оди на превентивна хемотерапија.

Со оглед на тоа што корисниците на социјалните мрежи се немилосрдни со коментарите дека принцот Вилијам и Кејт ќе се разведат бидејќи тој не може повеќе да се носи со нејзината болест, кралските експерти објасниле како би изгледал животот на Кејт кога принцот би се развел од неа.

Кејт би останала да живее во Велика Британија

Треба да се земе предвид дека заедно имаат три деца, а се членови на кралското семејство, па на принцезата би ѝ била потребна дозвола од Вилијам доколку сака да ги однесе децата надвор од Велика Британија.


Тешко е да се поверува дека Кејт би сакала да ги одземе децата од нивниот татко – но, доколку разводот е предизвикан од неверство, работите можат брзо да станат сурови. Се шпекулира дека кралското семејство би ѝ дало нова резиденција на Кејт, со цел полесно да им биде олесната заедничката грижа за децата, а наводно тоа би бил семејниот стан во Кенсингтонската палата.

Вилијам би морал финансиски да ја поддржи Кејт

Ништо не може да се спореди со луксузот на кралскиот живот, но Кејт би била добро згрижена дури и во случај на развод. Меѓутоа, предметната сума би можела да биде помала од онаа која била дадена во претходните кралски разводи, имајќи предвид дека парот е во брак од 2011 година. Финансискиот надоместок се одредува врз основа на должината на бракот – на пример, принцезата Дијана, чиј брак со Чарлс траел 15 години, добила поголема финансиска поддршка.


Папараците би биле полоши од било кога

Медиумското внимание веројатно би било полошо отколку кога Дијана се развела. Лејди Ди била следена до нејзината смрт, а се верува дека Кејт нема да може да оди никаде, а да не биде забележана.

Кралот Чарлс би се вмешал

Кралот не мора да го одобри разводот, но неговата вмешаност во разделбата е многу важна. Неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, всушност наредила тој ѝ Дијана да се разведат во 1995 година, кога било откриено дека тој е неверен и Палатата повеќе тоа не можела да го издржи.


Без разлика дали ќе направи сличен потег во случајот со синот и снаата, кралот Чарлс Трети ќе има важна задача – да ѝ ја утврди титулата на Кејт по разводот. Елизабета Втора била подготвена да ја остави Дијана со сите нејзини титули и да ѝ дозволи да живее како Нејзиното Кралско Височество (HRH) принцеза Дијана, но Чарлс борел против тоа, па ѝ била одземена титулата HRH и останала само онаа „принцеза“.

Чарлс доколку сака би можел да ѝ ги одземе на Кејт сите титули.

Нов брак би било тешко изводлив


Британскиот крал е и поглавар на црквата, која не одобрува развод, па затоа повторниот брак би бил незгоден за челновите на кралското семејство. Доколку повторно се венчаат, може да ги загубат сите титули поврзани со нивниот претходен брак. Меѓутоа, постојат и други решенија. Принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета Втора, се омажила за својот втор сопруг во Шкотска, додека Чарлс се оженил со Камила во „државна служба“, каде што биле благословени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг