18 години поминала на пуст остров потполно сама: Безимената жена починала во страшна агонија откако била спасена од страна на морепловците

Точка

25/06/2024

19:52

8.374

Големина на фонт

а а а

Романот „Островот на сините делфини“ е заснован на вистинска приказна за Индијанката Карана, која на 18-годишна возраст живеела сосема сама на остров на западниот брег на САД.

Приказната е напишана од американскиот писател Скот О’Дел во 1961 година, за што го освои медалот Њубери. Романот започнува кога руските трговци со крзно и племето од Алјаска пристигнуваат на островот и се судираат со локалното домородно население.

Белите мисионери потоа пристигнуваат за да го евакуираат домородното население за да ги заштитат преостанатите племенски членови, но братот на Карана останува на островот, а таа скока од бродот за да остане со него. Нејзиниот брат бил убиен од глутница кучиња и таа останала сама. Така таа живеела следните две децении.


Таа ловела риба, градела засолништа и се грижела за себе. Приказната за преживување на младата девојка е инспиративна и надреална и е многу добро опишана во романот. Најдобро од сè, приказната не е измислена.

Во 19 век, Индијанците живееле на островот Сан Николас, кој се наоѓа недалеку од брегот на Калифорнија. Долги 18 години, од 1835 до 1853 година, на островот живеела жена чие вистинско име, за жал, не е познато.

На островот живееле околу 10.000 членови на племето Николено, а мистериозната жена била последната преживеана од племето. Нејзините сонародници биле протерани во 1835 година кога пристигнало ривалско племе од Алјаска. Следувал конфликт, а десетте преостанати Индијанци од островот биле префрлени на брегот на Калифорнија заради сопствена безбедност.

На денот кога бродот дошол да го собере домородното население, силно невреме го погодило островот. Брзо качиле луѓе на бродот, додека една жена не успеала да стигне до бродот. Не е јасно што точно се случило, таа можеби намерно останала и го избрала животот на кој била навикната или тоа било несреќа, а една претпоставка е дека можеби не била сама како што е опишано во романот.

Во текот на следните 18 години, морнарите ширеле приказни за мистериозна жена на островот. Многумина ја барале, но безуспешно. Конечно, во 1853 година, ја пронашол трговецот со крзно Џорџ Нидевер. Тој следел стапалки во песокот за да ја најде жената. Изгледала безгрижно, вадејќи го крзното од животното во здолниште што сама го сошила од пердуви од птици.

Безимената жена живеела во дом, нешто помеѓу пештера и колиба што ја изградила од коски од китови. Подоцна археолозите пронашле рибарски куки, харпуни и садови од школки. Кога ја пронашле, таа имала околу 50 години и била единствената преживеана од племето.

Таа била донесена на брегот и живеела со Нидевер и неговата сопруга во Санта Барбара. Меѓутоа, таа не можела да комуницира бидејќи не го знаела јазикот и на крајот ја доживеала судбината на многу Индијанци кои стапиле во контакт со конквистадорите. Нејзиниот начин на живот и имунолошкиот систем беа сосема различни од нивните. Таа се заразила со дизентерија и починала седум недели откако била пронајдена. Непосредно пред нејзината смрт, таа го добила името Хуана Марија.


Таа била погребана во гробот на семејството Нидевер. Мистеријата на нејзиниот живот никогаш не била целосно решена бидејќи истражувањето морало да се прекине поради заштитата на одредени видови лисици на островот, пишува „The Vintage News“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг