Цели 15 години се молчело за ова: Она што вештаците го пронашле покрај трупот на Мајкл Џексон на денешен ден, 25 јуни 2009 година, е морничаво

Точка

25/06/2024

19:06

6.039

Големина на фонт

а а а

Мајкл Џексон почина на денешен ден пред 15 години, а години подоцна испливале морничавите детали за тоа што полицијата и судската медицина виделе кога влегле во неговата соба. А и денес се прераскажува за детективите кои останале во шок кога го пронашле безживотното тело на познатиот пејач.

Откриле и како спалната соба во која бил пронајден Џексон била во потполн хаос, со лекови, игли и облека расфрлани насекаде. А таму била и огласна табла на која имало фотографии со мали деца, а покрај нив бизарни белешки.


Цели 15 години се молчело за ова!

Џексон починал од срцев удар, додека првичните извештаи говореле за улогата на седативите за ублажување на болката, како и лекови против несоница. Тогаш неговиот доктор Конрад Мареј изјавил дека го затекнал пејачот како не дише, но имал слаб пулс. Се обидел да го оживее, но безуспешно. Докторот подоцна бил осуден за убиство од небрежност и одлежал две години затвор. Документарецот „Killing Michael Jackson“, ја раскажува приказната за тројцата детективи кои ја воделе истрагата за смртта на пејачот.


Она што малкумина го знаат, е дека никој не знаел дека пејачот всушност е потполно ќелав и тоа од 1984 година. Кога починал, имал 50 години, а естетските операции и анорексијата трајно му го уништиле телото.

Обдукцијата подоцна открила дека пејачот имал ужасни рани и лузни по целото тело. Бидејќи поради анорексија консумирал само еден мал оброк дневно, обдукцијата во неговиот желудник открила само куп апчиња. Коса немал, само перика, додека шишките и веѓите му биле истетовирани, како и усните, во црвена боја.


Целата кожа му била шарена, што потврдило дека навистина боледувал од витилиго.