На вчерашната ревија на „Vogue World“ во Париз се појавила и нова модна икона од светската сцена. Таа повторно била совршено стилизирана и одново флертувала со провокативен моден тренд што е доста ризична модна игра, но таа е вешт играч.
Кога Мона Пател се појавила во мај на „Мет Галата“ во Њујорк, таа воодушевила со своите модни вештини.
Нејзиниот одговор на тешкиот предизвик ги освоил и критичарите и пошироката јавност, а зборот „беспрекорно“ најчесто се слушал во оценките за нејзиниот стајлинг.
Нејзиниот долг бел фустан, кој го носела вчера во Париз, заслужува таква оцена. Моделот со крој на сирена, со огромен цвет и деколте, бил полн погодок, како и златниот венец на главата како дополнителен детаљ во нејзиното издание во стил на модна божица.
Стајлингот е ризичен, но затоа е уште поинтересен, смел, предизвикувачки, гламурозен и нималку вулгарен, бидејќи провокативниот тренд кој владее со модната сцена може и така да се следи.
Мона била во друштво на дизајнерот Стефан Ролан и со својот стил лесно ги збунила другите познати гости.
Мона Пател е бизнисменка од Индија, која на „Мет Галата“ носела фустан со потпис на Ајрис Ван Херпен. Од страна на „Forbes“ во 2021 година била сврстена во листата на „Next 1000 honoree“.
Важи за една од најдобро облечените жени на светската сцена во моментов.
И на „Мет Галата“ ризикувала со својот стил и со нетрпение се очекува нејзиното ново модно издание.