Кенеди повторно го спомнал Вучиќ и Трета светска војна! Изјавата на претседателот на Србија ја тресе свеската јавност

Точка

24/06/2024

20:21

7.807

Големина на фонт

а а а

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, независен кандидат за претседател на САД, на социјалната мрежа „X“ повторно го цитирал претседателот на Србија Александар Вучиќ и напишал дека доколку биде избран, ќе биде спречен судир меѓу Европа и Русија.

„Возот ја напушти станицата и никој не може да го сопре“ – напиша српскиот претседател Александар Вучиќ за неминовноста на војната на Европа со Русија. Одберете ме мене за претседател и јас ќе ја спречам – напишал Кенеди на „X“.

Ова не е прв пат Кенеди Помладиот да се повика на зборовите на претседателот на Србија. Претходно на својот профил на „X“ објавил дел од интервјуто на Вучиќ за швајцарски „Weltwoche“, од каде потекнува и горенаведениот цитат.

„Претседателот на Србија стравува од војна со Русија поради Украина. Се плаши од загуба на милиони животи и сака да знае: каде се возрасните во собата? И јас сакам тоа да го знам“, навел Кенеди на „X“, со снимка од разговорот на Вучиќ со швајцарскиот весник.

Кенеди во продолжение го осудил вчерашниот напад на украинската војска на Севастопољ, означувајќи го овој акт на киевскиот режим како нова ескалација.

„Уште една ескалација на американските послушници во Украина. Русија ги смета САД за одговорни за нападот со касетна муниција на цивили на плажата“, навел тој на социјалната мрежа „X“ и додал:

„Ќе ја сопрам оваа војна“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг