Видеото од разиграниот принц Вилијам ги освои мрежите: Никој не очекувал вакво опуштено издание од идниот британски крал

Точка

23/06/2024

11:14

8.765

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири видео од принцот Вилијам како танцува на концертот на Тејлор Свифт, а многумина ги изненади опуштеното издание на идниот крал на Британија.

Принцот Вилијам на концертот пристигнал во придружба на своите деца - со принцезата Шарлот и принцот Џорџ, а детаљот кој го снимил еден од посетителите на концертот набрзо ги освои мрежите.

Имено, Вилијам може да се види како танцува на песната „Shake It Off“ за време на првата вечер од нејзината турнеја во Лондон. Принцезата Шарлот можела да се види лево од нејзиниот татко, како се ниша во ритамот додека Свифт настапувала.

Многумина останале изненадени од опуштеното издание на Вилијам, но и од фактот што ужива во музиката на Тејлор Свифт.


По концертот, принцот заедно со децата позирал со пејачката, но и со нејзиниот партнер Тревис Келси.

На официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс е објавена фотографија на која членовите на кралското семејство позираат за селфи со Тејлор и ѝ се заблагодаруваат на одличната вечер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг