[ВИДЕО] Излезе трејлерот за новиот филм со Бред Пит и Џорџ Клуни, гледачите се согласуваат: Најдоброто дуо

Точка

30/05/2024

09:37

4.270

Големина на фонт

а а а

Објавен е првиот официјален трејлер за акционата комедија „Волци“ во која главните улоги ги толкуваат оскаровците Бред Пит и Џорџ Клуни.

Во филмот, Клуни глуми професионален криминалец чија задача е да прикрие криминал од висок профил. Но, кога Пит, кој е ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата „волци“ мора да ги здружат силите.

„Најјакото дуо“, „Двајцата се одлични“, „Конечно повторно се заедно“, „Одамна не сме го виделе Клуни“, „Едвај чекам“, се само дел од коментарите под трејлер.

Клуни и Пит имаат одлична хемија пред камера, а последен пат заедно соработуваа во 2008 година кога се појавија во филмот „Burn After Reading“. Заедно, тие глумеа и во три дела од франшизата „Ocean's Eleven“.


Акциската комедија „Волци“ ја режираше и напиша Џонатан Вотс, кој е најпознат како режисер на филмовите за Спајдермен на Марвел со Том Холанд во главната улога. Споредните улоги во филмот ги толкуваат Ејми Рајан, Остин Абрамс и Пурна Џаганатан.

„Волци“ ќе се појави во кината ширум светот на 20 септември 2024 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг