[ВИДЕО] Макрон мавта со карта и вели: „Како да им објасниме на Украинците“? Не чекал долго на одговор од Путин

Точка

29/05/2024

22:10

8.547

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател Емануел Макрон по состанокот во Германија најавил дека Украина ќе добие зелено светло да го користи западното оружје за напади на цели кои се наоѓаат на руска територија.

„Оваа мапа покажува дека Украина е всушност нападната од бази во Русија. Па, како да им објасниме на Украинците дека ќе мора да ги заштитиме тие градови … Како ќе им кажеме дека не смее да погодат точка од која се лансираат проектили? Не оди така“, рекол Макрон.

На видеоснимка се гледа францускиот лидер како мавта со карта и му дава зелено светло на Киев да го користи оружјето на НАТО со цел да гаѓа мети од кои доаѓаат руските проектили.

При состанокот, германскиот канцелар Олаф Шолц додал дека Украина мора да го почитува меѓународното право, „кое досега добро функционирало“.

На одговор од рускиот лидер Владимир Путин не морале долго да чекаат.

Тој од Ташкент во Узбекистан се заканил на Европа со „сериозни последици“ ако на Украина и биде дозволено во иднина да користи западно оружје со долг дострел против руската територија.

„Тие претставници на НАТО, посебно во Европа и посебно во малите земји, треба да сфатат со што си играат“, рекол Путин на крајот од државната посета во вторникот.


Тој укажал дека Русија би можела да преземе воени контрамерки и порачал дека посебно помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густонаселени.

Путин пред повеќе од две години го обвини Западот за продолжување на ескалациите.

Украина бара од САД и другите западни дозвола за користење на ракетите за напад на Русија за поефикасно да се бори против непријателот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг