[ВИДЕО] Ахмети е лут: Неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати, да стане дел од владата, нарушен е легитимитетот на Охридскиот договор

Макфакс

29/05/2024

14:39

4.647

Големина на фонт

а а а

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во име на Европскиот фронт, ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада, дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор.

Според Ахмети, за Европскиот фронт, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.

„Охридскиот договор не се чита исто од сите политички или јавни кадри, ние не дозволуваме овој договор да биде прекршен“, кажа тој.


Додаде дека таквите чекори не враќаат како што рече, две децении наназад.

„Луѓето нѐ прашуваат зошто гласаме кога некој друг одлучува за нашата волја и нашите определби, граѓаните нѐ прашуваат која е смислата на демократијата кога не се почитува легитимитетот, кога одлучува најголемата македонска партија. Ова нѐ враќа две децении наназад кога не се почитуваше слободната волја на заедниците. Легитимноста е столбот на демократијата, затоа ја започнуваме битката за почитување на Охридскиот договор. Кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува, но кога не се почитува, се враќаме во други времиња кои колективно сме ги напуштиле“, потенцира лидерот на ДУИ.


Ахмети не сака да ги открие следните чекори на Европскиот фронт, но кусо изјави дека јавноста ќе биде на време информирана за тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг