[ВИДЕО] Српскиот министер тврди дека за малку ќе се „сплеткал“ со актерката Хилари Свонк: „Вучиќ ме спречи во тоа“

Точка

29/05/2024

15:17

4.326

Големина на фонт

а а а

Српскиот министер за финансии Синиша Мали гостувал во емисијата „Ami G Show“ каде раскажал како ја запознал американската актерка и оскаровка Хилари Свонк.

Имено, двајцата седеа еден до друг на трибините на Ролан Гарос во Париз во 2016 година.

„Тоа беше финале на Ролан Гарос и беше првпат Новак Ѓоковиќ да го освои тој турнир. Поради сплет на околности, не беше баш сплет, но нека биде така, јас и Хилари седевме заедно бидејќи јас дојдов прв и гледав кој каде седи и каде да се наместам, ако е можно покрај некого. Ја препознав“, рекол Синиша.

Тој изјавил дека постојат неколку интересни нешта во врска со таа ситуација.

„Секако, јас сум релативно млад, седнав покрај неа и разговорот започна. Вие на Ролан Гарос добивате шешир поради сонцето. Јас го ставив шеширот и мобилниот доле, се обидов да започнам разговор и видов дека тоа добро оди. Секако, да бидам искрен, дадов сè од себе. Значи дадов сè. И измислував и лево и десно, и вака и онака. Сето тоа оди добро и завршува Ролан Гарос и ние се договараме да се видиме во Америка“, рекол министерот.


Вели дека Вучиќ ги спречил да се „сплеткаат“

По натпреварот го зел мобилниот телефон и видел дека има повици од Александар Вучиќ.

„Ме барал 100 пати. Не знаев дека тоа ќе биде на РТС. Ја прикажувале неа, и под сплет на околности ме прикажале и мене. Јас не го гледав мобилниот, не видов ништо бидејќи се трудев околу неа. Како што го барав, така тој крена: „Од каде ти таму?“. Му реков дека Ноле победи и дека сè е супер.


Сепак, тој ме сочека на следниот чекор. Хилари и јас се договоривме да се видиме на следниот УС Опен, но Вучиќ ми рече дека треба да одам во Техеран како градоначалник на Белград за да потпишам некој договор. Отидов токму во деновите кога требаше да одам во Њујорк. Тоа не можев да го објаснам. Кажав дека одам во Техеран наместо во Њујорк“, вели Мали.


Тој открил и дека Хилари ден-два по Ролан Гарос прекинала со момчето. На прашањето дали биле на раб да се „сплеткаат“, Синиша низ насмевка рекол дека Вучиќ го спречил тоа.

„Но, јас дадов сè од себе“, рекол тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг