[ФОТО/ВИДЕО] Има 87 години и ретко се појавува во јавноста, но секогаш привлекува внимание: „Погледнете како оди“

Точка

17/09/2026

21:05

432

Големина на фонт

а а а

Кога славната модна дизајнерка Каролина Ерера (87) се појавила на пистата на сопствениот бренд за време на Модната недела во Њујорк, сè друго паднало во втор план. Жената која некогаш ги облекувала Џеки Кенеди и Мишел Обама ја покажала самата суштина на елеганцијата и префинетоста.

Дизајнерката од Венецуела ја основала својата модна куќа на само 24 години, без формално образование од областа на модата, но сепак успеала да стигне до самиот врв.


Денес, на 87-годишна возраст, една година по смртта на нејзиниот сопруг Реиналдо, се вратила по повод 45-годишнината од брендот во њујоршкиот театар „Дејвид Х. Кох“.


На ревијата пристигнала во препознатлива комбинација од својата прва колекција – бела кошула украсена со кристали, широки црни плисирани панталони, зелен појас и зелени обетки.

Сепак, она што најмногу ги воодушевило сите присутни било нејзиното одење. На 87-годишна возраст, таа чекорела грациозно во високи потпетици, со исправено држење на телото и со своето одење ги воодушевила присутните.


На социјалните мрежи брзо се појавиле снимки, но и коментари за изгледот на славната дизајнерка. Никој не можел да поверува дека има дури 87 години, особено поради фактот што многу ретко се појавува во јавноста, па изненадувањето било уште поголемо.


„Какво одење“, „Никогаш досега не сум ја видела, ова е изненадување“, „Секоја чест“, „Невозможно е да има 87 години“, „Ме воодушеви“, „Погледнете како оди“, „Би сакала да изгледам вака на тие години“, се само дел од реакциите на Икс.