[ФОТО] Северина се шегува на сметка на Душко Тошиќ, поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, поради пораките во кои тој неуспешно ѝ се додворува

Точка

29/05/2024

22:15

9.358

Големина на фонт

а а а

Северина заедно со своите пријатели почна да се шегува на социјалните мрежи на сметка на Душко Тошиќ, поранешен сопруг на Јелена Карлеуша.

Имено, Душко и испратил неколку пораки на Северина, во кои е очигледен неговиот обид за додворување. Северина на крајот сепак одбива да го продолжи разговорот.


Еден нејзин следбеник по примерот на Тошиќ ја повикал на кафе, а таа одговорила дека не се познаваат. „Па, ќе се сретнеме“, напишал тој.


Во шегите на сметка на Тошиќ се приклучи и српскиот актер Милан Мариќ, кој истиот разговор го имаше со популарниот твитерџија под корисничкото име „Volshy“.


Освен тоа што Северина ѝ ги испратила пораките на Карлеуша, исто така и порачала никогаш повеќе да не го спомне нејзиниот син.

За потсетување, Карлеуша веќе со денови ја напаѓа Северина бидејќи таа го поддржа донесувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.