Иако подготовката на чај не бара посебни вештини, луѓето го подготвуваат овој популарен пијалак на различни начини. Но, еден вообичаен метод всушност може да го уништи вкусот на вашиот чај.
Имено, стискањето на кесичката чај пред консумирање е навика која сите треба да ја отфрлиме. Анџела Прајс, која работи за трговијата со час „Whittard“ истакнува дека тоа никогаш не би требало да го правиме бидејќи кесичката може да пукне и содржината да заврши во шолјата.
Но, тоа не е единствената причина.
„Никогаш не ги цедете кесичките чај бидејќи тоа може да ви го загорчи чајот поради ослободување на танинските киселини“, објаснила таа.
Исто така, неодамна се појави тренд кој посочува дека можете да готвите чај во микробранова печка. Меѓутоа, ни тоа не треба да го правите, особено доколку подгревате ладна шолја чај.
Секој пат кога вашиот чајник ќе зоврие, нивото на кислород во водата се намалува. Чајот сака свежо зовриена вода богата со кислород, а отстоената вода негативно ќе влијае на вашиот пијалак.
Инаку, чајот од најпопуларните топли напитоци во светот, а неговото секојдневно консумирање има бројни здравствени придобивки. Не само што помага да се загреете во студените денови или да внесете поголеми количества течност во организмот, туку помага и во регулирање на варењето и голем број здравствени проблеми како што се инфекциите на уринарниот тракт и слично.